(ВИДЕО) Најдебелото дете во светот има 10 години и 192 килограми

Од:

Арија Пермана е најдебелото дете во светот. Тоа во моментов тежи 192 килограми.

Поради загриженост на неговите родители дека може да почине, тие му вовеле диета.

Неговото брзо здебелување го принуди да се откаже од училиште затоа што тој повеќе не можеше физички да се движи.

Арија Пермана јаде по пет оброци на ден, тие се состојат од ориз, риба, говедско месо, супа од зеленчук и темпех – традиционална соја, што е доволно за нормално да се прехранат две возрасни лица.

Поради преголемата тежина, неговите родители не се во можност да му најдат облека што му одговара, па затоа носи чаршаф.