Милијардерот Дуров: Имам повеќе од 100 деца, им оставам наследство од 13,9 милијарди долари

Од:

Милијардерот Павел Дуров, основач и извршен директор на Телеграм, планира да им го остави своето богатство на своите деца, кои се повеќе од 100, вклучувајќи шест со три различни партнери и повеќе од 100 зачнати преку донација на сперма.

Дуров сака неговите деца да почекаат 30 години пред да пристапат до неговото богатство од 13,9 милијарди долари и не прави разлика помеѓу деца зачнати природно и преку ин витро оплодување (ИВФ).

Дуров, во интервју за „Ле Поинт“, рече дека е официјален татко на шест деца со три различни партнери и дека почнал да донира сперма пред петнаесет години и оттогаш има над 100 деца на тој начин.

„Сакам да разјаснам дека не правам разлика меѓу моите деца: има такви што се зачнати природно и такви што потекнуваат од мои донации на сперма. Сите тие се мои деца и сите ќе имаат исти права“, изјави тој за францускиот весник.

40-годишниот тајкун е познат по провокативното однесување, вклучително и кога им честиташе Велигден на своите 11,1 милиони претплатници на Телеграм со слика без маица.

Секое утро прави 300 склекови по ред, проследени со 300 стомачни вежби, избегнувајќи алкохол, кафе и чај, рече тој.

„Неодамна го напишав мојот тестамент. Решив моите деца да немаат пристап до моето богатство додека не поминат триесет години, почнувајќи од денес“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Телеграм оствари профит од над 540 милиони долари

А1он