Лотарија во потрага по богаташ: добил 51, 7 милиони фунти, а не се јавува

Од:

Непознат Британец станал богаташ добивајќи 51, 7 милиони фунти на лотарија, но и по десет дена не се јавил да си ги подигне парите.

Британската државна лотарија преку медиумите го повика среќниот добитник во играта Еуро милионс од 28 јули да им се јави. Извлечени се среќните бреви 5, 9, 29, 31, 41 со два додатни броја 2 и 4.

Според податоците на Санде тајмс, оној што ќе ги подигне парите ќе стане богат како пејачот Ed Sheeran чие богатство се проценува на околу 52 милиони, или речиси како ѕвездата на Реал Мадрид, Gareth Bale кој е тежок 54  милиони фунти.