Љубовницата на Трамп го опиша сексот со него како „најлошите 90 секунди во животот“: „Само една поза“

Од:

Стефани Клифорд е жена за која денес пишуваат сите светски медиуми поради аферата со Доналд Трамп во 2006 година.

Стефани, попозната како Сторми Даниелс, е американска старлета и ѕвезда на порно филмови.

Во 2011 година, во една статија, Даниелс ја опиша средбата со Трамп што се одржала во 2006 година во казино во Невада и се заканила дека може детално да ги опише сексуалните барања и перформансите на Трамп во кревет, што ќе му наштети на неговиот углед, како и неговиот брачен живот.

Седум години подоцна, написот во кој Сторми откри дека Трамп наводно и бил неверен на неговата сопруга Меланија ја виде светлината на денот.

„Сексот не беше ништо посебно“, се сеќава Даниелс потоа додаде:

„Тој не сакаше да ме врзува со синџир за кревет или нешто слично. Тоа беше само една поза“.

Сепак, таа ја опиша сексуалната врска со Трамп како најлошите 90 секунди во нејзиниот живот и нагласи како Трамп ја изразил својата желба повторно да се сретнат. Тоа што беше напишано во написот ја промени динамиката на бракот и оттогаш Меланија не е иста.