Саша Поповиќ, основачот на Гранд продукција почина денеска на 70-годишна возраст.
Саша Поповиќ започна како хармоникаш на „Слатки грех“ и стана еден од највлијателните луѓе во шоубизнисот.
За српски „Блиц“ се огласија Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живоиновиќ.
„Ова е голема загуба за сите нас. Бевме пред се кумови, пријатели и најблиски деловни соработници. Сега кога требаше да ужива, се случи ова. Голема загуба е, што да кажеме повеќе. Беше голем” – велат Брена и Боба.