Леонардо Дикаприо одговори на критиките на младата моделка на Плејбој

Од:

Хајке Конингс, 22-годишната Плејбој зајачица, ги откри тајните на Леонардо Дикаприо откако го бакнала во еден ноќен клуб во Лос Анџелес.

Таа истакна дека флертувала со холивудската ѕвезда (49) во ноќен клуб во кој влезот бил само со покана, но Леонардо го опиша како „премногу чуден и премногу стар“, пишува Дејли Мејл.

Откако се појави на насловната страница на магазинот „Dutch“, таа се присети на ноќта кога го запознала оскаровецот.

Таа изјавила дека Леонардо Дикаприо ја поканил да оди во неговата куќа, но таа го одбила.

„Дејли мејл“ стапи во контакт со претставникот на Леонардо Дикаприо, кој рече дека славниот актер никогаш не ја запознал дотичната дама.

„Леонардо не ни знае која е младата дама, тие никогаш не се запознале“, изјави тој за Дејли Меил.