Тиквичките му даваат на овој колач сочност и во комбинација со чоколадото вкусот е неверојатен …
Потребно е:
225 гр изрендани тиквички
125 гр меко брашно
40 гр какао во прав
1/2 лажиче прашок за пециво
3/4 лажиче сода бикарбона
1/2 лажиче мелено кафе
1/3 лажиче цимет во прав
2 јајца
100 гр шеќер
1 ванилин шеќер
60 мл јогурт
60 мл масло
прстофат сол
150 гр чоколадо
Подготовка:
– Тиквичката излупете ја, отстранете ги семките и изрендајте ја на ситно ренде.
– Во еден сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво, сода бикарбона, какао, цимет, кафе и сол.
– Во друг сад изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете ги маслото и јогуртот и матете уште кратко. потоа во оваа смеса додадете ги сувите состојки и чоколадото исецкано на помали парчиња или изрендана на крупно ренде. На крај додадете ги тиквичките. Затоа што смесата е густа не ја цедете течноста од тиквичките. Убаво измешајте.
– Смесата сипете ја во помал калап за куглоф претходно намастен со путер и посипан со малку брашно.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени 15 минути, а потоа смалете ја температурата на 170-180 степени и печете уште 40-45 минути. Пробајте со чепкалка за заби дали е печен.
– Печениот куглогф оставете да се излади 10-тина минути во калапот, а пота извадете го, ставете го на чинија и оставете убаво да се излади.
– Посипете го со шеќер во прав и послужете.