Австралиската актерка Кејт Бланшет се најде на удар на критики откако изјави дека припаѓа на средната класа. Нејзиното богатство се проценува на 95 милиони долари.
На медиумската конференција организирана од ОН за време на Канскиот филмски фестивал, таа зборуваше за давање можности на филмските работници кои се бегалци.
„Јас сум бела, привилегиран сум, сум од средна класа и мислам дека секој може да биде обвинет дека има комплекс на „бел спасител“. Да бидам искрена мојата интеракција со бегалците на терен и во средините кои се преселени целосно го промени мојот поглед на свет за што сум крајно благодарна“, рече таа меѓу другото.
@apnews From @AP Entertainment ♬ original sound – The Associated Press
Таа додаде дека запознала извонредни луѓе со извонредни таленти и неверојатни перспективи. Сепак, бројни корисници на социјалните мрежи почнаа да ја исмејуваат поради тврдењето дека припаѓа на средната класа.
„Мислиш дека си средна класа?“, „Во каков универзум живееш?“, „Не можам да верувам дека таа го кажа ова. Нема врска со реалноста“, „Ако си средна класа, тогаш која класа сум јас?“, некои се од коментари.
Актерката се уште не се изјаснила за овие критики. На црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал прошета во фустан во црна, бела и зелена боја. На овој суптилен начин таа покажа поддршка за Палестина.