Козата Линколн избрана за градоначалничка на американскиот град Фер Хејвен

Од:

Жителите на градот Фер Хејвен (Fair Haven) во североисточниот дел на САД неделава избраа за градоначалник коза која ги има сите политички предиспозиции, која што се нарекува Линколн.

Тригодишната коза со долги бели уши, победи на гласањето меѓу 15 кандидати, меѓу кои беа глодарот Кристал, како и бројни кучиња и мачки, наведуваат локалните власти.

Градот со околу 2.500 жители нема официјален градоначалник, туку таканаречен градски менаџер, Џозеф Гантер. Тој дошол на идеја да организира гласање, а парите собрани од оваа иницијатива ќе бидат искористени за изградба на игралиште.

Така Линколн, козата на наставникот по математика во овој мал град, освои 13 гласови. Таа за влакно ја победи кучката Сами. За време на едногодишниот мандат, козата ќе мора да биде присутна на разни настани, како што е локалниот саем на јоболки.

Секој кандидат мораше да плати пет долари за својата кандидатура, а собраните пари ќе се искористат за изградба на детско игралиште.Линколн следната недела треба официјално да ја преземе функцијата, а на приемот ќе има можност да дегустира зелка и други специјалитети за кози.