Ќерката на Дејвид Боуви наполни 16 години

Од:

Лекси Боуви, ќерка на неодамна починатиот музичар Дејвид Боуви и супермоделот Иман наполни 16 години.

По тој повод, нејзината мајка објави фотографија на социјалните мрежи.
-Среќен роденден на моето девојче Лекси. Остани слатка, елегантна и делумно дрска, напиша Иман на социјалните мрежи.

Следбениците на социјалните мрежи не штедеа комплименти за убавината на Лекси Боуви, за која наведуваа дека убавината ја наследила од мајка и, но и дека премногу потсетува на нејзиниот татко.

Дејвид Боуви почина пред седум месеци по кратката борба во канцерот кој го зафати неговото тело.