Канје Вест доби тужба, не вратил изнајмена облека

Од:

Компанија за изнајмување дизајнерска облека и луксузни модни производи покрена тужба против Канје Вест бидејќи наводно, не плаќал такса за изнајмување и не вратил дел од облеките.

Според документите до кои дојде „ТМЗ“, компанијата бара 221.000 долари неплатени трошоци за изнајмување и дополнителни 195.000 долари компензација за облеките што недостасуваат.

„David Casavant Archive е колекција на најретки и најпосакувани облеки во светот“ со седиште во Њујорк, според веб-страницата на компанијата.

„Казавант“ тврди дека раперот и дизајнер не вратил 13 од 49 ретки и вредни парчиња облека што ги изнајмил во март 2020 година. Канје, наводно, ги вратил другите 36 облеки без проблем, но од крајот на октомври 2020 година, престанал да ги плаќа трошоците за преостанати 13.

Помеѓу 49-те артикли наведени во фактурата на Дејвид до Канје – со кој соработувал од 2014 година – има и уникатна винтиџ тексас јакна од Хелмут Ланг, бомбер-јакна од „Гучи“ чија цена е 5.000 долари, и мрежаста маица „Долче и Габана“.

Во последниве два месеци, раперот не беше многу присутен во јавност или на социјалните мрежи, но пред две недели присуствуваше на церемонијата на доделување БЕТ-награди 2022, каде му ја врачи наградата за животно дело на Шон „Диди“ Комбс.