Исповед на Гвен Стефани: Поради кариерата ги запоставив децата и семејството

Од:

Познатата пејачка Гвен Стефани жали што поради кариерата решила да ги запостави децата и семејството.

Фронтменката на групата „No Doubt“ во големото ново интервју за Nylon призна дека требало да биде со синовите, наместо да работи.

Стефани во тоа време „се обидуваше да ги задоволи“ своите колеги од бендот, но на нејзина штета -„Требаше да бидам со семејството“, искрена беше пејачката.

Додека го „напуштала семејството“ поради музика и свирки, пејачката призна дека се чувствувала како „губитничка“.

Стефани нагласува дека во времето кога била во брак со Гевин Росдејл, додека работела на албумот „Push and Shove“ од 2012 година била „целосно празна“.

“Работите се менуваат кога ќе имате две бебиња. Тогаш немав идеи. Имав толку многу несигурности. Потребна беше помош”, рекла Гвен.

Патем, групата повторно се обединува. Веќе е закажан камбек настап на Коачела.