Харви Вајнштајн осуден на 16 години затвор за силување и сексуален напад

Од:

Холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн е осуден на 16 години затвор откако беше прогласен за виновен за силување, принуда на орален секс како и за сексуално недолично однесување.

Изрекувањето на пресудата беше денеска во Лос Анџелес по одложеното рочиште од 9 јануари.

Претходно беше решено дека само на една од жртвите на Вајнштајн ќе и биде дозволено да даде изјава на сослушувањето.

Поранешниот филмски продуцент веќе отслужува 23-годишна затворска казна за пресудата за силување и сексуални напади во Њујорк, за што има поднесено жалба.

Вајнштајн претходно се изјасни за невин по 11 точки од обвинението за силување и сексуален напад