Хаос во Малме: Демонстранти направија хаос пред второто полуфинале на Евровизија, Израелката ја чуваат полицајци

Од:

Во пресрет на второто полуфинале на Евровизија во Малме избувнаа протести и немири, предизвикани од оние кои се против учеството на Израел на ова натпреварување.

Во текот на раните попладневни часови, демонстрантите се собраа во центарот на шведскиот град, кој веќе беше полн со полиција која се подготвуваше за најавените протести.

Полицијата процени дека се собрале меѓу 6.000 и 8.000 луѓе. Насобраните го извикуваат пропалестинското мото „Од река до море, Палестина ќе биде слободна“ и „Израел е терористичка држава“, пренесува АП.

Локалните медиуми јавуваат дека толпата ги вклучува сите генерации, вклучувајќи ги и родителите со деца. На протестот присуствува и шведската климатски активист Грета Тунберг.

На видеото кое се појави на мрежата Х, се гледа како некои напаѓаат полициски возила, користат разни пиротехнички средства и предизвикуваат судири.

Полициски сили се распоредени низ целиот град. Индипендент објави дека се поставени метални заштитни огради околу арената Малме каде се одржува натпреварот и дека полицијата внимателно ги проверува сите што влегуваат.

Израелската претставничка беше исвиркана за време на генералната проба, а движењето и беше ограничено порано од безбедносни причини. Според мрежата Х, сега наводно ја чуваат 100 полицајци.

Претходно денеска, израелскиот јавен сервис Кан, кој го организира израелскиот натпревар за песна на Евровизија, денеска објави дека поднел жалба до Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и шведската јавна радиодифузија (СВТ) поради скандирањата слушнати вчера за време на пробата на израелската претставничка и пропалестински пораки во првото полуфинале во вторник.

Протести се најавени и за сабота, кога се одржува финалето.