Ема Бантон и Џејд Џонс се венчаа по 23 години врска

Од:

Поранешната членка на поп-групата „Спајс грлс“, Ема Бантон се омажи за пејачот Џејд Џонс, по 23 години во љубовна врска.

Таа објави фотографија од свеченоста на Инстаграм. Ема има кус бел фустан и букет во рацете, а Џејд е во маица, панталони и јакна од „Гучи“.

„Господин и госпоѓа Џонс“, кратко напиша Ема во описот на една слика.

Двојката е заедно од 1998, а се свршија во 2006 година. Заедно имаат две деца.