Глобално популарната актерка и пејачка Џенифер Лопез е фатена како лета во економска класа.
Таа во саботата полета од Неапол за Париз, каде што присуствуваше на Париската модна недела, со редовен, комерцијален лет, иако многумина би очекувале ѕвезда како неа секогаш да се вози со приватен авион.
За време на летот, се чини дека другите луѓе не и пречат. Иако и било прилично непријатно во авионот, тоа не е се. Имено, Џеј Ло е видена уште пред летот на терминалот заедно со сите останати „обични смртници“ како поминува низ стандардните процедури.
Пејачката и актерка била во авионот со сите останати, а до неа седел телохранител кој го чувал пристапот додека таа седни до прозорецот, мирно држејќи се на страна.
Фотографиите до кои дојде MailOnline покажуваат дека пејачката облечена во тренерки дреме додека седи покрај прозорецот на летот на KLM – каде цените започнуваат од 134 евра.
И покрај тоа што летовите на KLM нудат кабина во бизнис класата, Џенифер избра да патува во економска класа од само нејзе познати причини. Се шпекулира дека таа се одлучила на тоа бидејќи доживеала финансиски удар со откажувањето на турнејата .
За потсетување, среде гласините за развод од Бен Афлек, Џенифер минатата недела патуваше по прекрасниот брег на Позитано без него, со своите пријатели.
И додека Џеј Ло уживаше во Италија и леташе за Франција за модната недела во Париз, Бен беше во Лос Анџелес, поминувајќи време со својот син и обиколувајќи го брачниот дом.