Дино Мерлин со возило на Итна помош пренесен во болница

Од:

На Дино Мерлин му се слошило во неговата продавница во Баш-чаршија во Сараево, а Брзата помош дошла и го однела во болница.

-Изгледаше многу лошо, едвај одеше. Јас живеам овде, па често го гледам. Одвреме навреме доаѓа во неговата продавница – рекла жена која била очевидец.

На пејачот му се слошило околу 21 часот и е надвор од животна опасност. Бил придружуван од неговата ќерка Наида, која му е и блиска соработничка.