Диди побара одложување на судењето за два месеци, барањето му го одбија

Од:

Судот го одби барањето на Шон Комбс – Диди за два месеци одложување на судењето, пишува Sky News.

Судијата Арун Субраманијан рече дека барањето е одбиено бидејќи раперот го поднесе премногу блиску до почетокот на судењето, кое се очекува во мај.

Адвокатот на Диди, Марк Агнифило, побара одложување во средата, велејќи дека им треба повеќе време да ја подготват својата одбрана против двете нови обвиненија кои беа поднесени на почетокот на април. Судот се спротивстави на ова со образложение дека новите обвиненија не се доволни за одложување.

Диди моментно се соочува со сериозни обвиненија кои вклучуваат рекетирање, трговија со луѓе за сексуална експлоатација и злосторства поврзани со проституција.

Судот неодамна отвори случај од 1999 година кога Комбс наводно бил вмешан во пукање во ноќен клуб. Таму била и Џенифер Лопез, која поради се би можела да се вклучи во судењето, иако не се споменува како осомничена или сведок.

Каси Вентура, поранешната девојка на Диди, треба да сведочи на судењето на раперот. Вентура е наведена како „жртва 1“ во судските документи. Жртвите 2, 3 и 4 побарале нивниот идентитет да не и биде познат на јавноста, стои во документите.