Ди Каприо инвестираше во необичен бренд, а сега губи милиони

Од:

Актерот Леонардо ди Каприо инвестираше во британски бренд на вегански чевли, но сега му се заканува голема загуба, пишува „The Sun“.

Wild Loci Ltd., која ги произведува трендовските патики Loci, пријави загуби од 2,7 милиони фунти, вклучително и над 700.000 фунти што им се должат на доверителите. Компанијата изгуби над 900.000 фунти минатата година.

Станува збор за патики направени од рециклиран бамбус, пена и гума, а за секој направен пар патики се користат 20 пластични шишиња. Патиките чинат околу 170 фунти и се хит на славните. Актерот инвестираше 3 милиони фунти во текот на изминатата година за да помогне во развојот на брендот.

„Тој го гледа светот на ист начин како ние. Апсолутен благослов е да го имаме во тимот“, изјави еднаш основачот на брендот Емануел Ерибо.

Актерот откри дека е горд што е инвеститор во еколошки свесен бренд.

„Горд сум што сум инвеститор во бренд посветен на минимизирање на неговото влијание врз животната средина, кој е фокусиран на создавање етички обувки без суровост“, сподели актерот.

Ди Каприо долги години е активист во борбата против климатските промени. Тој во 1998 година ја основаше фондацијата Леонардо ди Каприо, која поддржува проекти за заштита на животната средина.