Де Ниро против Трамп: Мора веднаш да биде запрен!

Од:

Американскиот актер Роберт Де Ниро изјави дека денес е горд што стои зад движењето „Без кралеви“ и на прес-конференција во Њујорк го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп како закана за слободата и безбедноста.

„Го поддржувам ова движење 150 проценти“, рече Де Ниро, според Си-Ен-Ен.

Тој го опиша Трамп како егзистенцијална закана за слободата и безбедноста.

„Мора веднаш да биде запрен“, рече актерот.

Де Ниро ги критикуваше „непотребните војни“, како и политиките на Трамп за здравствената заштита, имиграцијата и економијата.

„Време е да им се каже „не“ на кралевите. Време е да му се каже „не“ на Доналд Трамп“, заклучи Де Ниро.

Би можело да ве интересира

Роберт Де Ниро: Трамп е непријател на нашата земја

А1он

Ал Пачино и Де Ниро ги здружија силите – снимија реклама за луксузен бренд

А1он

Роберт де Ниро призна дека јадел месо од кобра: Има вкус на мачмелоу

А1он