Најстарата бодибилдерка во светот е Ернестина Шепард и има 75 години. Таа е редок пример кој служи за инспирација не само за младите девојки туку за сите, вклучувајќи ги и припадниците на посилниот пол.
Секое утро се буди во 02:30 часот за да ги истрча предвидените 16 километри. Потоа оди во теретана, каде што работи како тренер.
Меѓу своите колеги е позната како Мис Ерни. Започнала да се бави со бодибилдинг на 71 година. Ужива во часовите поминати во салата, пресреќна што нејзиниот пример поттикна многумина да живат поздраво.
Не крие дека идејата да се бави со овој нетипичен за нејзината возраст спорт, ја добила гледајќи го „Роки“, односно Силвестер Сталоне со кој сака да се запознае еден ден.
Во март 2010 година, на сцената во Рим, Италија таа беше официјално прогласена за најстариот женски изведувач во категоријата Женски бодибилдинг и влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Изгледа прекрасно, а така и се чувствува затоа што за неа бодибилдингот е спој на внатрешната и надворешната убавина кај луѓето, а годините „За мене годините се само бројка“, вели таа