Чарли Шин откри како се заразил со ХИВ вирусот

Од:

Иако важи за промискуитетен, Чарли Шин тврди дека само два пати се впуштил во сексуални односи без заштита, и така се заразил со вирусот ХИВ.

Тој во интервју за “The Sun” откри детали од својата интима и кажа дека спиел со партнерка без заштита поради пијанство и од досада.

-Секогаш зборував и промовирав дека треба да се користат кондоми. Една вечер бев премногу алкохолизиран и преморен и се случи тоа што се случи, кажа Шин и додаде дека сега луѓето го гледаат како “заштитно лице на ХИВ“.

Тој вели дека поради оваа дијагноза целосно е променет неговиот живот, и сега е како во целибат.

-Поради вирусот не сум интересен за жените, и тоа е во ред. Се шегувам на сметка на мојата дијагноза бидејќи морам. Реално, сосема е непријатно, кажа Шин.

-Ќе се изненадите колку можете да постигнете и научите кога не се обидувате да имате секс. Сексот е супер, но нема никаде да побегне. Ако го нема, не е проблем. Ќе имам повеќе време да поминам со моите родители, вели Шин.