Состојки:
100 чоколадо за готвење
100 г млечно чоколадо
1 кг бисквити
250 г шеќер
125 г путер
300 г желе бонбони
200 г ореви сечкани
1 л млеко
10 г чоколадни банани
2 ванилин шеќер
2 лажички рум (по желба)
Подготовка:
Бисквитите се кршат и се ставаат во подлабок сад. Млекото, путерот, чоколадите, шеќерот и ванилин шеќерот ставете ги во сад на оган додека да зоврие. Постојано мешајте.
Пред крајот, додајте го румот и тргнете го садот настрана. Смесата прелијте ја врз искршените бисквити, додајте ги исечканите бонбони, оревите и чоко-бананите. Сето убаво измешајте го додека смесата да се изедначи. Тестото ставете го во калап за торти и изладете го во фрижидер. Пред послужување да се украси со фил.