Бруно Марс должи милиони, „целата заработка ја остава во казино“

Од:

Бруно Марс неодамна влезе во својата деветта година од настапите во Парк МГМ во Лас Вегас, која ја продолжи со 12 концерти во 2024 година. Според News Nation, причината поради која Марс настапува таму толку долго е затоа што акумулирал значителен долг за коцкање во казиното.

„Тој му должи милиони на МГМ од коцкање. МГМ всушност го поседува“, изјави неименуван извор за News Nation. Наводно, станува збор за вртоглав долг од дури 50 милиони долари.

„Тој заработува 90 милиони долари годишно од договорот за казино, но потоа мора да го врати долгот“, додаде изворот, тврдејќи дека пејачот заработува само 1,5 милиони долари по ноќе по оданочувањето.

Марс претходно раскажа како првпат посетил казино на 19 години и ја платил киријата играјќи карти.

„Се сеќавам на мојот прв облог, раката ми се тресеше, а еден тип се шегуваше и ме посрамоти“, рече тој, признавајќи дека изгубил 100 долари што не можел да си дозволи да ги изгуби.

„Треба да изгубите. Само треба да изгубите за да победите, за да разберете“, изјави тогаш пејачот.