Брижит Бардо денеска ќе биде погребана во Сен Тропе

Од:

Француската филмска актерка Брижит Бардо, која почина минатиот месец на 91-годишна возраст, денеска ќе биде погребана во летувалиштето Сен Тропе на француската ривиера, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалните власти.

Погребната церемонија ќе се одржи во 10 часот во црквата „Нотр Дам де л’Асумпсион“, по што Бардо ќе биде погребана во строга приватност на градските гробишта.

Комеморација отворена за граѓаните и обожавателите ќе се одржи во старата градска четврт Ла Понш.

Бардо светската слава ја стекна со филмот „И Бог ја создаде жената“ и стана една од најголемите икони на француската поп-култура.

По повлекувањето од филмот во 1973 година, се посвети на заштита на животните, но подоцна беше контроверзна фигура поради своите политички ставови.

Би можело да ве интересира

За синот ништо: Наследството на Брижит Бардо отиде во фондацијата посветена на животните

(ВИДЕО) Имаше повеќе од 100 љубовници, повеќепати се обиде да се самоубие – беше секс симбол и филмска икона од 60 тите

А1он

Почина Брижит Бардо

А1он

Брижит Бардо пак е во болница, и минатиот месец беше хоспитализирана

А1он