Атрактивно издание на една од актуелните најголеми музички ѕвезди

Од:

Сабрина Карпентер, која ги освои музичките топ листи со хитот „Espresso“ го привлече вниманието со атрактивно издание на фестивалот Outside Lands во Сан Франциско.

Таа за оваа пригода избра костим украсен со светки и мрежести чорапи над колената. Изгледот го комплетираше со нагласена шминка и фризура со шишки.

Таа неодамна беше мета на критики од оние кои мислат дека отишла под нож. Тие изјавија дека таа изгледа значително поинаку од пред 10 години, кога за прв пат се појави на сцената. На негативните коментари пејачката воопшто ме се осврнува.

Таа е во врска со актерот Бери Кеоган. Тој се појави во спотот за нејзината песна „Please, please, please“, која исто така стана голем хит.

“Тој ја сака таа песна. Му се допаѓа текстот и јас сум му многу благодарна за тоа. Не сакам да звучам пристрасно, но мислам дека тој е еден од најдобрите актери на новата генерација. Фактот што глумеше со мојата песна го направи спотот уште поспецијален“, изјави таа неодамна.

Кога имала 10 години, Сабрина почнала да објавува на YouTube пеејќи синглови од Кристина Агилера и Адел. Нејзиниот татко набрзо и изградил музичко студио за да може да вежба. Во 2009 година, таа го освои третото место на музичкиот натпревар The Next Miley Cyrus Project.