Амброзио совршена на плажа

Од:

Таа беше ангел на „Викторија сикрет“ од 2004 до 2017 година.

А во вторникот Алесандра Амброзио уште еднаш ги рашири крилјата додека го впива сонцето на одмор во Шпанија.

На фотографиите што ги сподели на „Инстаграм“ атрактивната Бразилка (41) позира во едноделен костим за капење од сопствената линија „Гал Флорипа“.

На себе има и повеќебојна марама во форма на крилја додека ја држи зад грбот со испружени раце.

Алесандра во објавата напиша „боемски“ и додаде емотикон пеперутка за своите 11,3 милиони следачи на социјалната мрежа.