Актерот Чарлс Денс (77) фотографиран со девојката на нудистичка плажа

Од:

На социјалните мрежи се шират фотографии од актерот Чарлс Денс (77) и неговата девојка Алесандра Маси (55) од нудистичката плажа на шпанско одморалиште.

Во таа прилика не се огласија.

Чарлс и Алесандра се запознале на сетот на филмот “The Book of Vision” во 2020 година. Кога се запознале, Алесандра работела како продукциски менаџер. Инаку, актерот беше во брак со Џоана Хејторн од 1970 до 2004 година, со која има две деца – Оливер (50) и Ребека (44).

Подоцна беше во врска со актерката Софија Мајлс, манекенката Шамбала Марта и уметничката Елинор Бурман. Самиот призна дека ја изневерил сопругата Џоан, но и дека е благодарен што успеала да му прости, па сега се најдобри пријатели.

„Најчесто тоа беше прекрасен брак (тие беа заедно 34 години), но потоа, за жал, подлегнав на некои искушенија на патот и бракот заврши поради моето однесување. Но, по околу 18 месеци Џо и јас станавме најдобри пријатели и тоа останавме до сега, фала му на Бога“, изјави актерот претходно, пренесува Daily Mail.