30 дена јадела само овошје и открила што се случи со нејзиното тело

Од:

Екстремната диета на 36-годишната Шаде Мартин од Њујорк предизвика интерес во јавноста откако се дозна дека таа решила еден месец да живее исклучиво на овошје. Таа потоа ги сподели своите искуства, истакнувајќи ги придобивките и предизвиците на оваа необична диета.

Пред да започне со диетата, Шаде страдаше од болки во рамото, а ниту физикална терапија ниту лекови не дадоа значително олеснување. Таа прочитала дека алкалните овошја како што се бобинки, банани, ананас и манго имаат антиинфламаторни својства, па решила да се обиде со овошна диета како можен начин за закрепнување.

Првата недела Шаде јадела само лубеница, а потоа шест дена консумирала исклучиво грозје. После тоа, во исхраната вклучила поразновидна комбинација на овошје.

Зборувајќи со велнес инфлуенсерката Џилијан Бери, Мартин откри дека имала повеќе енергија од вообичаено за време на овој режим благодарение на бавното ослободување на природни шеќери.

Забележала и, тврди таа, „појасно размислување, речиси целосно отсуство на менструални грчеви и губење на 4,5 килограми“.

Сепак, не беше сè идеално.

Шаде призна дека имало и негативни последици. Додека јадела само грозје, таа искашлала голема количина слуз. Исто така, поради високата содржина на влакна во овошјето, таа многу почесто одела во тоалет, што и го очекувала.

Иако Шаде ги истакна придобивките од диетата, експертите предупредуваат на нејзината екстремност.

Д-р Трејси Бригман, регистриран диететичар и професор на Универзитетот во Џорџија, за Mail Online изјави дека овој начин на исхрана не се препорачува.

Овошјето е одличен извор на одредени хранливи материи, но не ги содржи сите потребни хранливи материи за здравјето. Ова може да доведе до недостаток на протеини, здрави масти и некои витамини и минерали кои се наоѓаат во други групи на храна.

Покрај тоа, повеќето овошја се со малку калории, што може да предизвика недоволно внесување калории и замор, бидејќи е тешко да се внесат доволно калории само преку овошјето, затоа таквата диета може да доведе до неухранетост.

Иако исхраната базирана на овошје може да обезбеди одредени здравствени придобивки, долгорочно е важно да се земе предвид урамнотежена исхрана за да се обезбедат сите потребни хранливи материи за оптимално здравје.

Би можело да ве интересира

Црното кафе може да помогне при слабеење

Ана Ололовска

Совети за потенок струк

Ана Ололовска

Гладта ​​го подобрува чувството за мирис

Ана Ололовска

Ослабни со липо пакет и добиј подарок GE132

Ана Ололовска

Огромна трансформација на американскиот актер: Имал 220 килограми, денеска е преполовен

Ана Ололовска

Бананата може да придонесе за слабеењето

Ана Ололовска