Приватната тужба на премиерот Никола Груевски не може да влијае врз постапката на Јавното обвинителство за случајот „Македонска банка“, тврди државнот јавен обвинител Марко Зрвелски за Дојче веле.
Тужбата за клевета и навреда, со која премиерот Никола Груевска бара отштета од половина милион евра од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, поради обвинувања за криминал во продажбата на „Македонска банка“, ја разбранува домашната јавност.
Состојбата ја вжешти и фактот дека обвинителството сè уште не се изјаснило за кривичната пријава што ја поднесе СДСМ против Груевски, за три тешки кривични дела: противзаконско посредување, примање поткуп и затајување данок“.
СДСМ објави аудио-снимки, во кои, според партијата, Груевски е еден од учесниците во разговорите за тајна продажба на „Македонска банка“.
Приватната тужба на премиерот Груевски не може да влијае врз постапката на Јавното обвинителство.
Колку што сум информиран, таа е во завршна фаза. Нема да шпекулирам кога обвинителството ќе се произнесе за неа. Еднаш шпекулирав со датум, па излезе неточно. Причина за тоа е што предметот не е пред мене на маса, за да знам точно до каде е постапката – вели Зврлевски.