Зоран Маџиров тешко повреден во судар со шлепер

Од:

Македонскиот музичар и перкусионист Зоран Маџиров, вчера во 16.10 часот доживеа тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Штип-Радовиш откако неговото возило се судрило со товарно возило од марката „Даф“.

Како што информира полицијата сообраќајна незгода се случила при разминување на влекач „Даф“ кој има и приколка со кумановски управувано од Н.А.(1977) од Куманово и автомобил „Мерцедес Е-220“ со струмички регистарски ознаки сопственост и управувано од З. М. (1968) од Струмица.

Во незгодата Маџиров се здобил со тешки повреди, кома со крварење во черепна регија и повеќе рани во главата. Во несреќата со возило на итна помош е пренесен во медицинскиот центар во  Струмица од каде како итен случај бил препратен на Клиниката за неврохирургија.

Увид на лице место извршиле ЈО и увидна екипа од СВР-Штип. Сообраќајот бил во прекин до 20.50 часот, а потоа е целосно нормализиран.