Значењето на Дримскиот басен презентиран пред ООН

Од:

[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]Пред претставниците на Организацијата на Обединети Нации во Женева беше презентирана темата „Дримскиот проект во контекст на влијанието на климатските промени врз водните басени на езерата во Дримскиот басен“.

Темата ја презентираше Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридкото езеро кој се осврна на значењето на басенот од енергетски еколошки и туристички аспект и ги потенцираше опасностите од суши и поплави, како ризици од климатските промени.

„Посебно се осврнав на драстичните промени на нивото на водите на Охридското езеро кои се под влијание или на сушни или на влажни климатски периоди и чија флуктација има и еколошки и економски импликации. Затоа бараме преку проектот да им се помогне на локалните самоуправи да се обучат за мерки за превенција преку адаптирање на урбаното планирање и регулација на притоките и да се воспостави прекуграничен мониторинг систем за рано предупредување од ризици“, вели Пановски.

Басенот на реката Дрим е еден од ретките во светот кој е влезен во мрежата на пилот-проекти на речни басени.

Преку германската влада е обезбеден и прекуграничен проект за адаптација кон климатските промени во басенот на реката Дрим и Вестерн Балканс.