Зијадин Села слави победа во Струга

Од:

Зијадин Села од ДПА однесе убедлива победа и во третиот изборен круг во Струга. Според информации од партиските штабови од вкупно 7500 гласачи и 9 избирачки места, излезноста е нешто повеќе од 50 %.

Села освои вкупно 3144 гласа, а канидатот на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Кочовски 699 гласови.

Владимир Кочовски според бројот на гласови и овој пат доживеа пораз во торбешките села Октиси, Подгорци и Боровец.

Во Октиси на избирачко место 1883, 35 гласа за Кочовски, а 272 за Села, И.М. 1884, 102 за Кочоски, 370 за Зијадин Села.

taci pobeda

Во село Боровец, 63 гласа за Кочоски, 266 за Села. Во Подгорци на двете избирачки мест Кочоски освои 197 гласа, а Села 924 гласови.

Во селото Радолошта 1 глас за Кочоски, 404 за Села и 3 неважечки ливчиња.

На трите избирачки места и во Струга убедлива победа однесе Зијадин Села со освоени 908 гласа, додека за Кочоски гласале 301 граѓанин.

Изборниот ден во Струга и струшко денес помина во мирна атмосфера. Во овие девет избирачки места плус останатите избирачки места на кој немаше прегласување Кандидатот за градоначалник од редовите на ДПА Зиадин Села води убедливо со над 6,000 гласови во однос на противкандидатот на квалицијата на ВМРО-ДМПНЕ и СДСМ.

Главната прослава се одржува во струшко Подгорци каде ДПА слави, а од Тетово пристигна и лидерот на партијата Мендух Тачи.

„Навистина ми е драго што Зијадин Села победи во Струга, бидејки навистина ја сакаше победата на овие избори“ рече Тачи.


Мики Трајковски