Жител на Тетово лажно се претставувал како полицаец

Од:

Синоќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево било забележано паркирано патничко возило „Мазда“ со скопски регистарски ознаки, во кое се наоѓал С.М. (40) од Тетово.

Од страна на полициски службеници бил направен преглед на возилот и лицето, при што биле пронајдени изработена службена легитимација со амблем на МВР на Република Македонија со фотографија на С.М., фосфорно елече, мал нотес со патни налози и озонер со амблемот Полиција.

Поради лажно преставување по член 391 од Кривичниот законик на Република Македонија, С.М. (инаку евидентиран како сторител на кривични дела “измама“) бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.