А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Жештините не попуштаат – и утре до 41 степен

by А1он06/08/2017 - 19:56179
Share0

Времето утре ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност, локално  во планинските делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, што ќе услови благо намалување на температурата во северните делови. Минималната температура ќе се движи од 14 до 21, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 34 до 41 степен.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, што ќе услови благо намалување на температурата.

Температурите ќе се движат од 20 до 39 степени.

До четврток подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на претежно стабилна и многу топла воздушна маса, што ќе овозможи продолжување на периодот на претежно сончево и многу топло време. Од утре  во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надминува 40 степени. Најтопло се очекува да биде за време на викендов. УВ индексот и понатаму ќе биде многу висок со вредност 9.Промена на временската состојба се очекува од петок со благо опаѓање на температурата, кое ќе продолжи и во сабота и недела.

Следете a1on на Youtube YouTube
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто