Жерновски: Oрав ни порача дека нема време за одложување и опструкции

Од:

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, кој присуствуваше на денешниот прием по повод Денот на Европа, потсети на јасната порака на Аиво Орав, шеф на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија.

“Евроатланската интеграција значи демократија и владеење на правото. Но, владеењето на правото го разбираме различно. Потребни се брзи и сериозни одлуки. Нема повеќе време за одложување и опструкции”.

– изјава на Аиво Орав, Шеф на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, на приемот по повод Денот на Европа.

На фотографијата Жерновски разговара со амбасадорите на САД и Велика Британија, Бејли и Гарет.
Пораката на Орав е ја чу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, која на приемот пристигна последен, по обраќањето на евро-амбасадорот. Но, затоа спикерот Вељаноски, министерот за надворешни работи Поповски, заменик министерот Чавков беа на примот од почетокот и ја слушнаа оценката дека политичката криза трае предолго.

„Договорот од Пржино од минатата година, создаде надеж кај политичките партии, граѓаните и меѓународната заедница. За жал, во изминатава година видовме опструкции, одложувања и неимплементирање на договореното. Помилувањето беше последната капка. Кога се донесе таа одлука, објаснувањето беше дека се прави поради евроатланската интеграција на земјата.

Евроатланската интеграција значи демократија и владеење на правото. Но владеењето на правото го разбираме различно. Потребни се брзи и сериозни одлуки. Нема повеќе време за одложување и опструкции. Европската Унија е тука и ќе продолжи да биде тука за да и помогне да земјата да се приближи до нас .Политичката криза трае предолго“, рече Орав.