Жерновски: Oбразот нема цена!

Од:

Андреј Жерновски, лидерот на ЛДП, кој беше фикс добитна комбинација за градоначалничката функција во Центар, доколку не одлучи да биде доследен на договорот во „Сојузот за иднината“ за бојкот, на својот ФБ профил напишал:

„Нашите животи се состојат од убави и лоши моменти. Секако, секој од нас се бори овие првите да бидат во што поголем број. Но, што е најважно, секогаш доаѓаат моменти, искушенија, кога треба да покажеш и докажеш од што „материјал“ си направен. ОБРАЗОТ НЕМА ЦЕНА!!!“, пишува Жерновски.

Статусот предизвика реакции и голем број коментари.Пренесуваме дел од нив:

-Апсолутно, но за жал повеќете се квази политичари

-Би му кажал јас нему в лице, само не знам во КОЕ ЛИЦЕ

-Образот и достоинството немаат цена, но за жал кај нас платежн средство

-Не вреди коментар за такви личности

-Образ и достоинство за сите кои сакаат да живеат нормален живот

– Ова се клучни моменти за оваа држава. Нема место за половични решенија, полупотези, за полувистини, полулуѓе. Се и сите треба да излезат на виделина, ова е тој последен филтер по кој конечно ќе се живее или не, по кој ќе се види кому му се важни пет луѓе од најблиското семејство и да поживее до задутре па после како му биде, а кому му е навистина важна иднината и гледа подалеку од својот двор и паркинг. Ништо веќе не може да се крпи, се е парче направено. Во март не би имало нов почеток, туку продолжување на агонијата креирана од група кројачи кои глумат цареви.

– Некои лица место образ имаат опинок

– За каков образ се работи кога за некое си градоначалничко место си ја обезличуваш партијата

– станува збор за бели образи на чесните, ни градоначалнички ни политички, туку човечки образи, наспроти црните, кои засекогаш ќе ги имаат оние поради кои од Македонија се иселјија половина милион луѓе, оние кои во бетон зацементираа 500 милиони евра…образот е поврзан со човек, не со функција и место.