Жерновски и Ристовски го затворија за настава училиштето „11-ти Октомври“

Од:

Заменик министерот за образование, Спиро Ристовски и градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски одлучија општинското основно училиште „11-ти Октомври“ утре да се затвори за настава.

„Заедничката одлука е донесена по добиените сознанија за труење на учениците и ќе важи до завршување на комплетните испитувања за појавувањето на труењето“, информираат од Општина Центар.