Зголемен морталитетот кај Македонците

Од:

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија, бројот на умрените лица е зголемен за 1.8% во однос на претходната година и изнесува 19.465 умрени лица. Поголем број се од машки пол или 52.4% од вкупно починатите лица.

Просечната возраст на умрените од машки пол изнесува 69.9 години, а 74.4 години на лицата од женски пол, што претставува за 4.5 години повисока просечна возраст на умрените женски лица.

Најголем број од умрените лица починале поради болести на циркулаторниот систем. Во изминатата година починале 172 доенчиња.