Зеќири по четиричасовно сведочење: Свесни се што сторија и треба да одговараат

Од:

Обвинетите се свесни во каква игра се впуштија и сега треба да одговараат за тоа што го сторија, изјави пратеникот Мухамед Зеќири по четиричасовното сведочење во основниот суд за насилниот упад во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година.

Зеќири истакна дека лицето кое носело оружје во Собранието е Игор Југ.

Во врска со обвиненијата од страна на одбраната дека Зеќири дава различен исказ од оној што го дал во обвинителството, пратеникот кажа дека тоа не е точно и дека двата искази се идентични.

Виктор Јованов