Зекири: Талат и ДУИ да кажат зошто го спасија побратимот Трајко Вељаноски

Од:

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ ги обвини ДУИ и претседателот на Собранието, Талат Џафери дека го спасиле Трајко Велјаноски.

„Талат Џафери и ДУИ треба да и објаснат на јавноста зошто го спасија нивниот побратим, Трајко Вељановски?!!!…
Го СПАСИЈА за да ги „СПАСИ” некогаш ВМРО нив или …???… Народот вели: „Во секое ЗЛО за добро” … Јавноста уште еднаш го виде вистинското лице на оваа политичка партија.

И пророкот Мухамед во една негова изрека има кажано: „Ако не се срамиш, прави што сакаш”.

П.С. ДУИ 2014 = 153.000
ДУИ 2016 = 86.000
ДУИ 2019 = … “, стои во фејсбук-статусот на Зекири.

Собранието синоќа не му го одзеде имунитетот на експретседател на Собранието, Трајко Вељаноски, осомничен за организирање на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година. Тензичната собраниска седница на чии дневен ред беше само точката за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељаноски, по скоро два часа беше прекината од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Седницата беше три пати прекинувана со паузи, првиот пат на барање на Елизабета Канческа -Милеска, координатор на групата осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои ги поддржаа уставните измени. Таа побара пауза бидејќи дури во 19 часот ја добиле информацијата дека вечерва ќе се одржи седница. Втората пауза ја побара координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој ги побара стенограмите од репликите, кои си ги искажаа пратениците Антонијо Милошоски и Павле Богоевски.

Собранискиот спикер вториот пат даде пауза од 15 минути, со оглед на тоа што за барањето за притвор, требаше да се донесе одлука до 24 часот. Третиот пат Мицевски бараше дополнителни 45 минути, по што собранискиот спикер ги повика координаторите на пратеничките групи на состанок.

По состанокот на Мицевски кој бараше процедурално му беше даден збор, и до тој момент истече рокот до кога требаше да му биде одземен имунитетот на Вељаноски.