Заврши собирот на ГДОМ пред седиштето на СДСМ

Од:

Заврши собирот пред седиштето на СДСМ во Скопје што го одржаа активисти на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ).

На мирниот протест тие искажаа поддршка за институциите и за денешното распишување на предвремените парламентарни избори на 5 јуни. Воедно ја повикаа СДСМ да излезе на избори.
Приврзаниците на ГДОМ се собраа околу 18 часот и 30 минути зад ТЦ „Рамстор“ и со пеење патриотски песни се упатија кон седиштето на опозициската СДСМ, каде протестираа и во изминатите три дена. Порачаа дека дошле на протест против, како што рекоа, обидите на претседателот на СДСМ Зоран Заев да ја растури државата.

ГДОМ е и против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на претседателот на СДСМ Зоран Заев и на Зоран Верушевски, првобвинет во случајот „Пуч“.