Заврши разговорот меѓу Заев и Ципрас – македонскиот премиер закажа прес-конференција

Од:

Во 18 часот по локално време грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе се сретне со грчкиот претседател.

Ципрас во претседателската палата ќе го информира Прокопис Павлопулос за телефонскиот разговор со Зоран Заев.

Според информациите од Атина, македонскиот и грчкиот премиер веќе го оствариле телефонскиот разговор закажан за попладнево.

Од македонската владина прес-служба закажаа прес-конференција во 18:30 минути.