ВИДЕО: По 10 часа во Апелација, Груевски замина да го прослави роденденот

Од:

По читањето на првостепената пресуда заврши 10-часовната седница за жалбата за 2 годишната затворска казна за експремиерот Никола Груевски.

Судењето се одвиваше со повеќе паузи поради четирите барања на одбраната за изземање на Судечкиот совет, претседателот и заменик претседателот на Апелациониот суд кои беа одбиени.

Судијката известител пресудата за случајот Тенк ја читаше цели 2 часа.

Претседателката на Судечкиот совет, Цветанка Пешиќ следната седница за жалбата на првостепената пресуда за Груевски и Поповски, ја закажа за 5 септември кога осудените ќе ја образложат поднесената жалба.

Виктор Јованов