Затворен патот Штип – Ново Село поради излевање на Брегалница

Од:

Поради излевање на реката Брегалница, превентивно ќе биде затворен сообраќајот на патниот правец Штип – Ново Село.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека патниот правец Маврово – Дебар кај манастирот Бигорски, кој беше во целосен прекин поради лавина, е прооден по една коловозна лента, а се работи на негово целосно расчистување.

Внимателно возење се препорачува и на патот Кочани – Македонска Каменица од селото Истибања до браната Калиманци каде поради одрони сообраќајот наместа се одвива по една коловозна лента.

Поради поголеми остатоци од снег на коловозот на патниот правец крак Маврово – Дебар сеуште останува забраната за движење на тешки товарни возила, а за патничките возила се препорачува употреба на зимска опрема.

Укинати се забраните за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка и на планинските премини Стража, Пресека, Буково, Ѓавато и Барбарас.