По официјалниот пречек на лидерите на земјите учеснички на Процесот Брдо-Бриони од страна на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, Претседателот на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ и Претседателот Словенија Борут Пахор започна средбата на претседателите од земјите од Западен Балкан.
На средбата чии домаќини се претседателот Иванов, претседателката на Хрватска, Грабар Китановиќ, и претседателот на Словенија, Борут Пахор, учествуваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претседателот на Албанија, Илир Мета, претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов, претседателот на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбговиќ, претседателот на Косово Хашим Тачи како и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
На двојчасовната средба која ќе ја имаат претседателите ќе се разговара за подобрување на меѓусебната поврзаност во политичка, економска, инфраструктурна и безбедносна смила во контекст на новата стратегија на Европската Унија за Западен Балкан.
По средбата на претседателите следува прес конференција на која ќе се обратат претседателите, Ѓорге Иванов, Колинда Грабар Китановиќ, Борут Пахор, Бојко Борисов и претседателот на ЕС, Туск.
Виктор Јованов