ВИДЕО: Заложници сме на забегана политичка заедница, рече Атанасов на што бурно реагираа од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Доста сме заложници на една политички забегана заедница. Вие го предадовте народот на Македонија. Вашата интелигенција сами ја вреѓате што втора година блокирате работа. За прв пат може да одиме напред. Овој закон треба да го одблокира политичкиот процес, граѓаните да си го кажат своето. Премногу долго сте во институциите”, рече пратеникот на СДСМ Петар Атанасов обраќајќи се на колегите од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ зборовите на Атанасов ги оценија како навреда на што жестоко реагираа. Додека Атанасов зборуваше на говорницата, тие дофрлуваа од страна.

Додека пратеничката Жаклина Пешевска зборуваше на говорница, Груби даде втора пауза на комисијата бидејќи поминало времето предвидено со деловникот. Таа и покрај тоа што пратениците од мнозинството ја напуштаа салата продолжи да ги образложува нејзините ставови.

Кристијан Ландов