Моделот за воспоставување на Оперативно техничка агенција за следење на комуникациите како предложено законско решение е избрзан и не нуди соодветни гаранции во однос на надзорот и не овозможува заштита од политичка злоупотреба.
Учесниците од граѓанскиот сектор и академската средина на денешната дебата „Како до поголема заштита од неовластено прислушување?“ во организација на Европско движење во Република Македонија, побараа запирање на законските измени на следењето на комуникациите и враќање на целиот процес одново со цел реформите да бидат систематизирани, а системот доволно издебатиран.
Началник на сектор за евроинтеграции при МВР, Светлана Влаховиќ Димановска, рече дека не станува збор за избрзани и преку ноќ донесени решенија, туку дека нивната работа започнува уште од 2016 година.
