По десет минути, експресно заврши Комисијата за политички системи, каде се разгледаа измените Законот за Влада, Законот за финансирање на политичките партии, заедно со Изборниот законик.
Без амандмани, усогласените закони беа едногласно усвоени. Ниту еден од членовите не се јави за дискусија. Законите потоа ќе се најдат повторно на пленарна седница каде треба да се изгласаат.
Кристијан Ландов
