СИноќа во 21,10 часот во СВР Тетово, И.С.(32) од Тетово вработен во маркет лоциран на улица „Видое Смилевски Бато“ пријавил дека од страна на две непознати маскирани лица, со закана со пиштоли било извршено разбојништво при што ги одзеле парите од дневниот промет, околу 32.146 денари.
Од пријавителот одзеле мобилен телефон и на три лица од Тетово кои биле во маркетот по извршено пребарување им одзеле два мобилните телефони и 2.200 денари по што го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
